Утрински Весник
Свет

ЕУ ќе соработува со талибанците, но нема да брза да ги признае како нови власти

ЕУ ќе соработува со талибанците, но нема да брза да ги признае како нови власти

Европската унија ќе мора да соработува со талибанците, но нема да брза со формалното признавање на таа исламистичка милитантна група како нови владетели на Авганистан, изјави денеска извршниот директор на Европската комисија за Азија и Пацификот, Гунар Виганд.

Тој рече дека официјалните односи ќе бидат воспоставени само доколку талибанците исполнуваат голем број услови, вклучувајќи почитување на човековите права и неограничен пристап до хуманитарните работници, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?

ЕУ ги повика граѓаните да се подготват за криза: Направете резерви од храна, вода и торба за итни случаи

Деца во Германија, Австрија и Унгарија добиле слатки со игли и шајки