Утрински Весник
Свет

Победничка парада на талибанците: Американски воени возила, хеликоптер „Блек Хоук“ и транспортери

Победничка парада на талибанците: Американски воени возила, хеликоптер „Блек Хоук“ и транспортери

Талибанците денеска одржаа победничка воена парада во Кандахар, вториот по големина град во Авганистан, каде што беше основана исламистичката група.

АФП наведува дека голем број американски воени возила, како што се Хамви, камиони и транспортери, возеле низ градот на парадата. Најмалку еден американски воен хеликоптер „Блек Хоук“ исто така е виден над градот.

Сите овие возила, оружје и опрема ги зедоа талибанците откако брзо го освоија целиот Авганистан, а армијата на таа земја, која беше опремена од Американците речиси 2 децении, се предаде.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот