Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев-Јанша-Вархеји: Македонија и Албанија што поскоро да ги почнат преговорите

(Видео) Заев-Јанша-Вархеји: Македонија и Албанија што поскоро да ги почнат преговорите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата Зоран Заев, како дел од неговата програма со активности на Бледскиот стратешки форум, се сретна со премиерот на Словенија Јанез Јанша, во функција на словенечкото претседателство со ЕУ и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

На средбата беше потврдено дека проширувањето на ЕУ е приоритет на словенечкото претседателство и дека земјите од Западен Балкан треба што е можно поскоро да станат членки на Унијата.

Соговорниците на средбата се согласија дека пречките што се исправија пред овој процес може да се отстранат и за тоа постојат позитивни примери од поблиското минато.

Заедничка констатација на премиерите Заев и Јанша и на еврокомесарот Вархеји е дека нема простор за други опции освен европски Западен Балкан и дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите час поскоро.

На средбата беше речено дека до крајот на годината има доволно време Бугарија и Северна Македонија да го изодат патот до решение кое ќе ја забрза европската интеграција на цел регион и дека решенијата подразбираат грижа за себе, но и грижа за другиот.

Можете да прочитате

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски објекти

МОН го објави конкурсот за наградата „Гоце Делчев“

Ужас во Гостивар – осумгодишно дете повредено од петарда