Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на средба со со директорот на „Струшки вечери на поезијата“ и добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“

Пендаровски на средба со со директорот на „Струшки вечери на поезијата“ и добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Тодорче Тасевски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ и Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“.

На средбата, директорот Тaсевски го информираше претседателот Пендаровски за програмата и настаните во рамките на јубилејното 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тој посочи дека на фестивалот годинава учествуваа повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата, но и од помладата генерација, а се одржаа и меморијални чествувања на доајените на македонската поезија Анте Поповски и Богомил Ѓузел. Директорот информираше и за промоцијата на монографското издание „Избор од поезијата и кратката проза од Блаже Конески“ како дел од националната програма со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот на македонската култура.

Наградените поети Владан Кречковиќ и Лидија Димковска, заблагодарувајќи се за приемот кај претседателот, истакнаа дека за нив претставува голема чест и привилегија што добиваат признанија на овој голем јубилеј на „Струшки вечери на поезијата“, како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали.

Претседателот Пендаровски, честитајќи го огромниот успех – шест децениската организација на Струшките вечери на поезијата, истакна дека нашата држава е горда што низ овие 60 години успеа да востанови врвен фестивал кој опстојува на светската поетска сцена со препознатлив карактер и идентитет.

На средбата, претседателот Пендаровски им ги честиташе добиените признанија на Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ под покровителство на УНЕСКО, што се доделува за најдобра дебитантска поетска збирка на поет под 35 годишна возраст и на Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Годинешен лауреат на „Струшки вечери на поезијата“ е британската поетеса Керол Ен Дафи.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа