Утрински Весник
Македонија

Вечерва во земјава ќе пристигнат бегалци од Авганистан

Вечерва во земјава ќе пристигнат бегалци од Авганистан

Вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе пристигнат граѓани од Авганистан. Засега не се знае колку бегалци ќе пристигнат вечерва во земјава, дали сите одеднаш или пристигнувањето ќе биде во групи.

Како што беше претходно соопштено од Владата, бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.

„Според последните податоци, бидејќи бројките се сменија од вчера, 780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје“, соопштија властите.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство