Утрински Весник
Македонија

Четири лица, меѓу кои и дете се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила и камион на локалниот пат кон Бутел

Четири лица, меѓу кои и дете се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила и камион на локалниот пат кон Бутел

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион што се случи вчера на локалниот пат од селото Љуботен кон населбата Бутел. Според информациите од полицијата, тешко повредена е 25-годишна скопјанка која управувала едно од возилата, а меѓу полесно повредените е и малолетно лице.

„Во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“ – Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Ужас во Швајцарија: Македонка и нејзиното бебе убиени од сопругот

Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови