Утрински Весник
Свет

Макрон во посета на Хрватска

Макрон во посета на Хрватска

Францускиот претседател и еден од најважните европски политичари, Емануел Макрон, доаѓа во работна посета на Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.

Иако точниот датум сѐ уште не е договорен, посетата треба да се случи во текот на октомври или ноември, дознава „Јутарњи лист“ од висок извор во Министерството за надворешни и европски работи.

Пристигнувањето на Макрон, од перспектива на официјален Загреб, е доказ за зголемените врски меѓу Франција и Хрватска, што можеби може да се опише како стратешко партнерство, особено откако хрватските воздухопловни сили одлучија да купат борбени авиони „Рафале“, пишува весникот.

Според близок соработник на премиерот Андреј Пленковиќ, хрватско-француските односи се подобруваат, иако тоа во почетокот не беше случај.

„Во раните 1990-ти, тогашниот претседател Франсоа Митеран ја поддржа српската страна во војните во поранешна Југославија, но Жак Ширак и премиерот Ален Жуп водеа поизбалансирана политика. Сега имаме многу добри меѓудржавни односи, делумно поради блискоста меѓу премиерот Пленковиќ и претседателот Макрон“, пишува весникот.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица