Утрински Весник
Економија

(Видео) Чаракчиев: Со дневната евтина тарифа на струјата, кај граѓаните се вратени 64 милиони евра

(Видео) Чаракчиев: Со дневната евтина тарифа на струјата, кај граѓаните се вратени 64 милиони евра

Точно пред четири години беше донесена одлуката за воведување на дневната евтина тарифа на струјата секој работен ден од 14 до 16 часот. Само со оваа мерка, годишно граѓаните заштедуваат околу 16 милиони евра, односно, за четири години тоа е заштеда од вкупно 64 милиони евра, пари кои останале во семејните буџети на граѓаните,изјави Коле Чаракчиев, член на Комисија за енергетика на СДСМ и пратеник.

Истовремено, додаде тој, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, оваа година донесоа законски измени за намалување на ДДВ на електрична енергија со што домаќинствата ги заштитивме од ценовни шокови, односно, од покачување на цената на електричната енергија.

„Воведувањето на евтината дневна тарифа на струјата, укинувањето на радиодифузната такса, проектот Мој ДДВ како и предлог за проширување на Листата на социјално-ранливите категории на граѓани кој добиваат социјални пакети за субвенции за енергија, односно струја, се само дел од мерките со кои парите ги враќаме назад кај граѓаните“, рече Чаракчиев.

Можете да прочитате

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ