Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време со мала до умерена облачност

Утре сончево време со мала до умерена облачност

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, информира УХМР.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од понеделник ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Можете да прочитате

Клековски: Учениците како демографска група не се ризични за западнонилска треска

Во тек акција на полицијата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи

Кривична за две лица за убиството на 26-годишното момче во Скопје