Утрински Весник
Магазин

Бебето од корицата на албум на „Нирвана“ го тужи бендот

Бебето од корицата на албум на „Нирвана“ го тужи бендот

Спенсер Елден, човекот чија фотографија како бебе беше искористена за корицата на култниот албум Nevermind на американскиот хеви метал бенд „Нирвана“во 1991 година, го тужи бендот за наводна сексуална експлоатација.

На корицата е прикажан Елден како четиримесечно дете во базен,а пред него виси банкнота од еден долар закачена на рибарски конец.

Сега 30-годишниот Елден вели дека неговите родители никогаш не потпишале согласност за користење на негова фотографија за албумот.

Тој, исто така, тврди дека голата слика претставува детска порнографија.

Според Елден, од бендот ветиле дека ќе го сокријат неговиот полов орган со налепница, но не го испочитувале ветеното.

Повеќе светски медиуми ја објавија веста заедно со корицата, но не оригиналната од 1991 година, туку иста таква но со скриени гениталии.

Тој бара штетата да му биде покриена со најмалкку 150.000 долари од секој од членовите на бендот – живите членови, починатите и оние кои правно го водат уметничкото наследство на бендот.

Можете да прочитате

Овој хороскопски знак секој посакува да го има барем за пријател

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата

Онколозите предупредуваат дека честото користење пластични садови може да предизвика појава на рак