Утрински Весник
Македонија

243 санкционирани возачи на мотоцикли

243 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 243 возачи, од кои 108 биле исклучени од сообраќај.

Од нив, 151 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот