Утрински Весник
Македонија

Таравари: Загрижува бројот на новозаразени со коронавирус во Гостивар

Таравари: Загрижува бројот на новозаразени со коронавирус во Гостивар

Зголемувањето на бројот на новозаразени лица во гостиварско е загрижувачко и потребно е да се спроведат активности за континуирано почитување на мерките за заштита од коронавирус. Ова е оценката на кризниот штаб за подрачјето на Гостивар, која по неколкумесечна пауза, повторно се состана.

Претседателот на Кризниот штаб, Арбен Таравари, на состанокот истакнал дека ситуацијата е сериозна, но под контрола.

Тој најавил како што стои во соопштението дека Гостивар е подготвен на здравствените институции, за вакцинација на населението, да им отстапи свои простории, меѓу кои и спортската сала.
“На денешниот состанок дојдовме до следниве шетири заклучоци: 1. Ситуацијата е сериозна, но под контрола; 2. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до препораките на институциите; 3.Апелираме до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата е најдобрата заштита од оваа болест; 4. Општина Гостивар ги отстапува своите капацитети за отворање на нови пунктои за вакцинација на територијата на Гостивар“, изјави градоначалникот на Гостивар, истовремено и претседател на Кризниот штаб во Гостивар, Арбен Таравари.

Во врска со ставањето во карантин на Гостивар, Таравари истакна дека ова не е во надлежност на локалната власт и додека локалните здравствени институции тврдат дека ситуацијата е под контрола, нема потреба од такво нешто.

„Внимателно го слушав директорот на Болницата и претставникот на Здравствениот дом и среќен сум што ситуацијата е под контрола, има капацитет и независно како се гледа однадвор, вакцинација во Гостивар, внатре во Здравствениот дом се одвива без пречки. Ние како општина немаме надлежности за карантинска мерка и додека тоа не го побараат соодветните институции, нема да направиме такво нешто“, додаде Таравари.

Можете да прочитате

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна

Тешка сообраќајка на патот Кочани -Штип

Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла