Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нема да можеме да ги евакуираме сите од Кабул, предупредува британски министер

Нема да можеме да ги евакуираме сите од Кабул, предупредува британски министер
300x250 opst2

Западните влади најверојатно нема да можат да го продолжат рокот за евакуација од Авганистан од аеродромот во Кабул, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Американскиот претседател Џо Бајден е под притисок да го продолжи рокот сега утврден за 31 август, за евакуација на илјадници странски државјани и Авганистанци, откако Талибанците ја преземаа власта во оваа земја.

Талибанците рекоа дека ќе го отфрлат секое барање на западните сили за продолжување на тој рок за да се заврши евакуацијата.

„Тоа е црвена линија. Американскиот претседател објави дека сите нивни воени сили ќе се повлечат на 31 август. Ако се продолжи рокот, тоа значи дека се продолжува окупацијата, иако тоа не е потребно “, изјави портпаролот на талибанците во Доха.

Бајден во неделата рече дека нема да побара продолжување, како што побараа државите како Велика Британија и Франција.

Валас за Скај њуз изјави дека се сомнева дека ќе има продолжување, не само поради изјавите на талибанците, туку и поради јавните говори на претседателот Бајден.

Но, тој додаде дека се уште вреди да се обиде да го направи тоа, што ќе го сторат Британците.

Британскиот министер за одбрана предупреди дека во случај западните сили да останат по истекот на рокот, талибанците можат да го нападнат аеродромот или да ги спречат луѓето да стигнат до него.

„Ако тој аеродром е нападнат, тогаш тој е практично затворен, со артилериски оган на пистата и слични работи. Тоа ни е голем хуманитарен проблем “, рече Валас.

Британците евакуираа околу 8,6 илјади луѓе од Авганистан во последните две недели, од кои 2 илјади во последните 24 часа, објави министерот.

Меѓутоа, со оглед на ограниченото време, тој предупреди дека нема да можат да ги евакуираат сите.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне