Утрински Весник
Свет

Лице од црната листа полетало од Авганистан за Велика Британија

Лице од црната листа полетало од Авганистан за Велика Британија

Лице од црната листа, на кое му е забранет влез во Велика Британија, со воен авион полета од Авганистан за Британија, како дел од евакуацијата од Кабул.

Како што пренесе „Скај њуз“, неидентификувано лице летало за Бирмингем во централна Англија, но нема детали за тоа каде е сега таа личност.

„ Имаше луѓе во Авганистан кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност. Од таа причина, владата спроведува детални проверки за да ги спречи оние што се осомничени дека се милитанти или претставуваат безбедносна закана да влезат во Британија”, изјави портпаролот на британската влада, пренесува „Скај њуз“.

Можете да прочитате

Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа