Утрински Весник
Економија

Групација БАЛФИН: Ексклузивни проекти низ Европа

Групација БАЛФИН: Ексклузивни проекти низ Европа

Без разлика дали станува збор за мултифункционален шопинг, забавен или проект од друг социјален карактер, луксузен станбен комплекс или елитно одморалиште, групацијата БАЛФИН, една од најголемите инвестициски групации во регионот, е препознатлива по високите стандарди и иновации кои ги применува во своите проекти, низ сите европски земји каде што дејствува. Инвестициите на БАЛФИН во областа на градежништвото буквално го менуваат начинот на живеење, без разлика дали проектот се реализира во Албанија, Македонија, Холандија, Австрија… создавајќи значајно економско влијание, отворајќи нови работни места, подигнувајќи го животниот стандард. Во 2021 година БАЛФИН продолжи да расте во рамките на постојните сектори, во регионот, но и пошироко. Оваа година БАЛФИН и компаниите што се дел од групацијата ќе реализираат над 108 милиони евра инвестиции.

– Групацијата БАЛФИН се стреми да биде постојано во тек со технолошкиот развој и со иновациите. Денес, нашите проекти се премногу за да се избројат, но на пример проектите за развој на недвижности се едни од најприсутните и најуспешните – вели Ардијана Соколи, заменик-претседателка за недвижности во групацијата.

Еден од таквите проекти е „Јуниверз сити“, резиденцијална населба во близина на центарот на Тирана. Комплексот се ноѓа веднаш до „Јуниверз“ шопинг центарот во Тирана и ќе се состои од станбени згради погодни за секого; млади семејства, млади парови, студенти или големи семејства кои бараат поголеми станови за пониски цени. Овој мини град ќе обезбеди

сеопфатен опсег на услуги, доволни за автономно живеење. Предвидени се јавно училиште, многу пешачки и зелени површини и апсолутна безбедност и приватност. Најважниот елемент на проектот е најниската пазарна цена за оптимален квалитет што се нуди. „Колина Верде“ е, исто така, проект во развој, со посебна грижа за удобен животен стил, со поглед кон зеленилото на планината Лундра, свеж воздух и бајковити пејзажи. Заедно со едно од водечките имиња во хотелската индустрија, „Акор“, БАЛФИН ја објави и соработката во изградба на првиот „М галери“ хотел во Албанија. Овој ултра модерен хотел ќе донесе големо освежување на албанскиот брег.

„Грин коуст вилиџ“, пак, е уште еден амбициозен проект, чија цел е изградба на првото туристичко село со меѓународни туристички стандарди. Ќe се реализира во Паласа, во непосредна близина на „Грин коус рисорт и резиденции“. Овој величествен проект ќе се состои од резиденции, неколку хотели со 4 и 5 ѕвезди, како и од станбени комплекси. Ќе располага со изобилство рекреативни и забавни понуди, како и услуги за одмор во текот на целата година. Со оглед на досегашниот успех на „Грин коуст“, овој проект добива и продолжение кое треба да ја задоволи побарувачката за оваа елитна дестинација со квалитетна и луксузна понуда. Не помалку, БАЛФИН има удел и во заживувањето и разубавувањето на туризмот на албанската ривиера особено преку понудата на резиденциите „Вала Мар“.

Во Австрија инвестициите продолжуваат преку сериозен станбен проект, како оној во близина на езерото Тронзи и станбениот комплекс во една од најпопуларните области во Виена, помеѓу округот 18 и 19.

Тирана и Скопје Ист Гејт, се исто така два значајни проекти за БАЛФИН и претставуваат пример за општествена одговорност, поттикнувајќи го развојот на општеството преку богата забавна и социјална понуда. Едниот годинава го слави 10-от роденден, а другиот многу наскоро ќе почне со работа и ќе ги прими првите посетители.

Секој од овие проекти е извонреден на свој начин, со уникатна архитектура и избор на високотехнолошки иновации. Подетално ќе ви претставиме само дел од нив.

Покрај „Езерото на среќата“

Живописен, блиску до природата и одалечен од секојдневната градска врева, овој комплекс лоциран во местото Алтминстер во Австрија, е мала оаза меѓу околните планини и езерото Тронзи, кое Римјаните го нарекле „Езеро на среќата“. Што повеќе е потребно за среќа, освен смирен, опуштен живот?

Двата станбени комплекси со трикатници во овој туристички град создаваат слика како од бајките. Најдобар начин да се почувствува тамошната околина е со возење велосипед или пеш, иако листата на активности што луѓето можат да ги прават овде е мошне долга. Областа е атрактивна во текот на целата година и нуди соодветни услови за љубителите на секој спорт – пешачење, планинарење, пливање, едрење или скијање во зима.

Совршена комбинација од неверојатна природа и највисоки градежни стандарди се применети во реализација на резиденцијалниот комплекс. Проектот ја одразува визијата на TH&B Immo, една од компаниите што работат под капата на БАЛФИН. Инвестицијата од 10 милиони евра на езерото Тронси е втора на БАЛФИН во Австрија, по првиот станбен проект во Виена. Компанијата е горда на двата проекта, бидејќи австрискиот градежен пазар е особено конкурентен и предизвикувачки.

Живот од соништата во Ролинг Хилс

Луксузните резиденции „Ролинг Хилс“, лоцирани на југоистокот од Тирана, се еден од најамбициозните проекти на групацијата БАЛФИН. Лоциран во прекрасната природа на Петреле, Тирана, Ролинг Хилс е опкружен со бујно зеленило и рекреативни зони. Ова е една од најмладите области во Тирана, која расте со супербрзо темпо. „Ролинг Хилс лејксајд“, пак, е составен од ексклузивни вили и апартмани кои новите жители ќе ги пречекаат покрај езерото Фарка. Високите стандарди на дизајнот, квалитетот и функционалноста, како и природната средина се гаранција за висок квалитет на живот. Релаксирачки поглед кон зеленило и езеро, семеен спокој и динамика во централниот дел со комерцијални услуги, кафулиња и рекреативни понуди, сè заедно на едно место, во нова урбана заедница. „Ролинг Хилс лејксајд“ е еден од најпрестижните проекти на „Емре Аролат Архитекчр“, меѓународно студио, со седишта во Њујорк, Лондон и Истанбул, кое го потпишува овој комплекс.

Скопје Ист Гејт – нов центар во центарот на градот

Кога зборуваме за ексклузивни проекти, не смееме да го заборавиме и оној што наскоро ќе оживее во нашиот главен град. Скопје Ист Гејт, инвестиција вредна повеќе од 350 милиони евра, ќе биде најголемиот мулти-функционален комплекс, не само во нашата земја, туку и во регионот. Првата фаза е речиси завршена – претстојната есен Скопје Ист Гејт Мол ќе ги отвори вратите за првите посетители. Покрај трговскиот центар, проектот содржи и станбен комплекс како и деловен, сите опкружени со бујно зеленило. Идејата на целиот проект е да се создаде град во градот. Идните жители на СЕГ ќе имаат сè што им е потребно на дофат, а посетителите од поширокиот регион ќе посетат туристичка атракција, каде што удобно ќе го минат денот со семејството или пријателите. На располагање ќе бидат места за забава, повеќе од 220 брендови за шопинг, амфитеатар, мултиплекс кино, фитнес-зона, богата гастрономска понуда од многуте ресторани и кафулиња на кафе-авенијата, асфалтирани пешачки површини…

Проектот Скопје Ист Гејт e потпишан од едно од најпознатите и најуспешните студија од Турција, „Јазган Дизајн“ и светски познатиот архитект Керем Јазган, со богато меѓународно портфолио и многубројни награди.

Како што се наближува големото отворање на Скопје Ист Гејт Мол, така и нетрпението и љубопитниста кај жителите на Скопје растат. Присуството на некои од светски познатите брендови се веќе потврдени, како што се „Ризрвд“, „Мохито“, „Хаус“, „Кроп“, „Синсеј“, „Зара“,

„Зара хоум“, „Ојшо“, „Масимо Дути“, „Бершка“, „Пул енд беар“, „Страдивариус“… но се очекуваат и многу други истакнати имиња од светот на модата и технологијата во трговскиот центар кои ќе бидат објавени непосредно пред отворањето. Токму онака како што најавија инвеститорите, секој ден е сè поочигледно дека Ист Гејт Мол ќе биде нов центар во центарот на Скопје.

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија