Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

Заев и Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против корона, во Македонија ништо не беше на повидок ниту вакцини, ниту пак како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат, пишуваат од опозициската партија.

„Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација. Во меѓувреме, ги поделија граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања. Филипче и Заев ако сакаат да ги мотивираат граѓаните има милион начини како да го сторат. Но, доцнат премногу“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради нивната неспособност, како што оценуваат се случи и четврти бран, поради нивна неспособност не е организиран здравствениот систем за ниту еден бран од почетокот на пандемијата, поради нивната неспособност бројката на починати од корона се движи кон шест илјади починати, ценат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од 17 октомври ќе почне крајот на политичари како Заев и Филипче, додаваат од таму.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт