Утрински Весник
Македонија

261 санкции за пребрзо возење

413 санкции за брзо возење

Денеска (23.8.2021) во периодот од 6 до 09 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возила. Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа