Шон Пен го искажа своето мислење дека вакцината против Ковид-19 треба да биде задолжителна, посочувајќи необична идеја.
Во текот на гостувањето на „Си-ен-ен“ за промоција на неговиот нов филм „Ден на знамето“, 61-годишниот актер го повтори ставот дека луѓето треба да бидат принудени да се вакцинираат. Тој се повика на Вториот амандман кога станува збор за невакцинираните.
„Јас цврсто верувам во Вториот амандман,“ рече тој. „Но, мислам дека треба да препознаете како, со вакво нешто, не можете да одите наоколу вперувајќи пиштол во лицето на некого, што се чини неопходно кога луѓето се невакцинирани“.
Пен неодамна одби да се врати на снимање на претстојна серија Gaslit додека не се вакцинираат сите од екипата. Тој инсистира сите инволвирани во проектот да ја примат вакцината.