Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шахпаска: Обезбедивме нови 60 места во детската градинка „23 Август“ во Берово

Шахпаска: Обезбедивме нови 60 места во детската градинка „23 Август“ во Берово
300x250 opst2

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, изврши увид во финалната фаза на четирите дополнителни простории изградени во градинката „23 Август“ во Берово. Со ова се зголеми капацитетот на градинката за уште 60 места за деца во предучилишна возраст.

„Се работи за две нови простории во коишто ќе бидат сместени деца до 2 годишна возраст, а во останатите 2 простории ќе бидат сместени деца од малата група. Со изградбата на овие простории ќе се намали притисокот на децата во претшколска возраст во градинките во Берово. Факт е дека ни се потребни нови капацитете и оттука како ресорно министерство продолжуваме да градиме нови градинките и да ги прошируваме веќе постоечките. За нас секое дете е важно, а предучилишното образование е најважно во развојот на децата“, рече министерката Шахпаска.

Овие 4 простории се изградени со средства на Министерството за труд и социјална политика и со поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка со прект преку УНДП.

Исто така таа посочи дека во изминатите 10 месеци отворени се 15 нови градинки, а до крајот на 2021 годината ќе бидат отворени уште 10 нови детски градинки.

Можете да прочитате

Андоновски: Сајбер нападите се реална закана и се дел од пошироката слика на хибридните закани

Петмина возачи уапсени со над 1,5 промили алкохол во крвта

Муцунски ја посети Македонската православна црква во Мичиген