Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Костадинов: Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко-индустриските зони

Костадинов: Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко-индустриските зони
Img 7972

Портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов подвлече дека се бележи сериозно зголемување на економската активност во Технолошко-индустриските зони.

Според официјалните податоци, за период од една година бројот на работни места во ТИРЗ-овите е зголемен за осум отсто.

„Забележен е раст од 56 отсто на извозот во ТИРЗ во првите седум месеци, односно тој достигна над 1 милијарда евра. Само годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1.970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка“, појасни Костадинов.

Меѓу последните инвестиции, како што посочи, е онаа од страна на компанијата „Алмак-Дура екстружн“ во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 во вредност од 30 милиони евра.

Сето ова, вели Костадинов, влијае на отворање нови добро платени работни места кои позитивно влијаат врз растот на просечната плата, но и на намалување на стапката на невработеност.

„Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за над 1.800 денари повеќе во однос на јуни минатата година. Стапката на невработеност е на историски најниско ниво со тенденција дополнително да се намалува“, додаде тој.

Портпарлот на владејачката партија најави дека ова се само дел од позитивните економски параметри кои ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ.

„Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на градење стабилна, развојна и динамична економија која носи шанса за сите“, тврди пратеникот.

Можете да прочитате

На кванташки во Струмица лут пипер 30 – 40 денари, на пазарот во Ѓорче 100 денари

Министерот Дурмши во Тетово: Реални можности за зајакнување на жените и младите

Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин