Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Бијонсе позира во мал црн фустан и дијамант од 30 милиони долари за кампањата на „Тифани“

300x250 opst2

Бијонсе ја канализира својата внатрешна Одри Хепберн додека му се придружува на Џеј Зи како нови лица на кампањата Tiffany & Co’s About Love на легендарната златарница и компанија за луксузен накит „Тифани“.

Пејачката (39) го пресликува познатиот лик на Одри, Холи Голајтли, во романтичната комедија од шеесеттите ,„Појадок кај Тифани“, облечена во црн фустан додека позира заедно со својот сопруг.

На фотографијата, Бијонсе го носи познатиот Tiffany Diamond (Тифани дијамант) од 128,54 карати, со што стана петта жена која го носела овој скапоцен камен, првпат прикажан во кампања.

Бијонсе и Џеј Зи се нови амбасадори на „Тифани“. Соработката со две од најголемите суперrѕвезди се случува во период кога компанијата – која слави 184 години постоење и совршенство на накит – се обидува да го освежи брендот.

Компанијата претрпе реконструкција во раководството и почна да експериментира со својот маркетинг пристап, и нов имиџ. Двојката се приклучи на растечката листа амбасадори на брендот која вклучува повеќе селебрити-личности.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 септември 2025 година

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените