Утрински Весник
Свет

На есен трета доза вакцина за постарите и болните во Хрватска

На есен трета доза вакцина за постарите и болните во Хрватска

Анализата на антитела на стари лица кои се меѓу првите што се вакцинирани против Ковид-19 од крајот на декември и во текот на јануари ќе покаже дали треба да се почне со третата доза и во Хрватска, пишува „Вечерњи лист“.

Во Хрватска, меѓу популацијата постара од 65 години, 588.755 лица (69.0%) се вакцинирани со една доза и 555.832 лица (65.1%) со две дози.

„Направив мало истражување и се надевам на првите резултати од анализата оваа недела. Дали ќе почне третата доза за стари лица, зависи од резултатите и како другите земји ќе реагираат на третата доза”, за „Вечерњи лист“ изјави епидемиологот Бранко Колариќ, раководител на Геронтолошката служба за јавно здравје на Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“.

Имунолошкиот одговор слабее со биолошкото стареење, а случаите на неуспех во вакцинацијата се јавуваат почесто кај постарите лица и кај лица со ослабен имунитет. Како што објасни имунологот проф. Златко Тробоњача, концентрацијата на антитела постепено се губи, во просек десет месеци по болеста е преполовена, а по вакцинацијата исто така постепено се намалува, иако не толку брзо.

Можете да прочитате

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа