Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД со предупредување: Можни напади на ИСИС на аеродромот во Кабул

САД со предупредување: Можни напади на ИСИС на аеродромот во Кабул
300x250 opst2

Советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден предупреди во неделата дека Исламска држава може да изврши напад при евакуацијата на илјадници Американци и авганистански сојузници од меѓународниот аеродром во Кабул.

„ Заканата е реална. Акутна е”, рече Џејк Саливан, советник за национална безбедност.

Ниту Саливен, ниту други високи американски воени или разузнавачки претставници не дадоа детали за заканите на Исламска држава. Но, сегашните и поранешните функционери велат дека заканите се движат од ракетен напад врз транспортен авион при слетување или полетување до камион натоварен со експлозив или бомбаши самоубијци што се инфилтрирале во толпата пред аеродромот.

Бајден во петокот рече дека американската војска и антитерористичките служби внимателно ги следеле заканите на ИСИС, истакнувајќи дека илјадници затвореници се ослободени во Кабул и други локации. Иако е малку веројатно дека талибанците свесно би ги ослободиле борците на Исламска држава, голем број затвореници, меѓу кои и талибански непријатели, се ослободени поради хаосот во Авганистан.

„ ИСИС чекаше ваква можност, каде што нејзините борци ќе можат да го искористат хаосот на теренот за да добијат шанса да нападнат американски војници“, рече аналитичарот Колин П. Кларк, цитиран од „Њујорк тајмс“.

Во текот на минатата недела, американските власти предупредија на закани за аеродромот при евакуација на цивили од Кабул.

Можете да прочитате

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа

Емиратите го притискаат Нетанјаху да го прифати планoт на Трамп за Газа

Палестински извори: Најмалку 33 лица убиени во израелски напади во Газа