Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Двегодишно девојче загина во стамбедото во Кабул, нејзината мајка вели: „Моето срце крвави“

Двегодишно девојче загина во стамбедото во Кабул, нејзината мајка вели: „Моето срце крвави“
300x250 opst2

Двегодишно девојче загина во стампедото на аеродромот во Кабул во саботата. Нејзината мајка за медиумите рече: „Моето срце крвави“.

Девојчето беше убиено во стампедото што настана додека толпа луѓе се обидуваа да се качат во авион за да избегаат од талибанскиот режим. „Моето срце крвави“, рекла мајката на повреденото девојче за „Њујорк тајмс“, која работела за американска организација во Кабул.

„Беше како да се давам и да се обидувам да го држам моето дете над водата“, додаде таа.

Жената раскажа дека нејзиното семејство, сопругот, двегодишната ќерка, немоќните родители, трите сестри и братучетка, се обиделе да се качат на летот на аеродромот со цел да избегаат од земјата, кога толпа луѓе се упатиле кон влезната врата.

Таа се обидела да ја најде својата ќерка, но го нашла само нејзиното безживотно тело откако толпата ја прегазила.

„Чувствував ужас, не можев да ја спасам“, рече таа.

Мајката вели дека сега, по сè, семејството не сака да го напушти Кабул.

„Претпочитам да умрам на достоинствен начин отколку вака“, рече таа.

Амбасадата на САД им наложи на сите државјани на САД да се држат подалеку од аеродромот во Кабул поради потенцијалната опасност на влезната врата.

Можете да прочитате

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа