Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Училиштата во Црна Гора почнуваат со настава на 1 септември, часот ќе трае 30 минути

Училиштата во Црна Гора почнуваат со настава на 1 септември, часот ќе трае 30 минути
Img 7972

Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека учебната година треба да започне на 1 септември, без одлагање, а со оглед на епидемиолошката состојба, извесно е дека наставата ќе трае 30 минути, изјави државниот секретар во тој ресор, Милица Кадовиќ.

Говорејќи во утринската програма на Телевизијата на Црна Гора, таа рече дека Министерството подготвило два модели за можно функционирање на училиштата.

Едниот модел е децата да одат на училиште, а другиот е онлајн.

„ Нашата намера е училиштето да започне на 1 септември без никакви одложувања и часот да трае 45 минути. Меѓутоа, како што ИЈЗ ги објави мерките што се во сила, најверојатно ќе треба да го корегираме траењето на часот.. и сега е сигурно дека ќе трае 30 минути“ рече Кадовиќ.

Можете да прочитате

Трамп на состанок со стотици генерали и адмирали

Данска прогласи вонредна мобилизација – 24info.mk

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија