Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Фудбалерите на Марсеј го „извлекоа подебелиот крај“ по тепачката со фановите на Ница

Фудбалерите на Марсеј го „извлекоа подебелиот крај“ по тепачката со фановите на Ница
300x250 opst2

Мечот од 3. коло во француската Лига 1 меѓу Ница и Марсеј не го дочека својот крај. Прекинат беше во 74 минута при водство од 1-0 за домашните затоа што упаднаа домашните фанови на теренот.

Навивачите на Ница беа испровоцирани од гостинскиот фудбалер Димитри Паје кој возврати кон нив откако беше удрен со полно шише во грбот, но во текот на целиот ме трпеше вербални провокации.

Домашните фанови противничките играчи ги гаѓаа со разни предмети, но сепак пресуден за тепачката беше потегот на Паје кој реши дека нема повеќе да толерира такво однесување.

„Подебелиот крај“ го извлекоа неговите соиграчи Матео Гандузи и Луан Перез кои имаат видливи гребаници на лицето и вратот.

Прашање е кога и дали воопшто мечот ќе продолжи, а вака изгледаа немилите сцени вчера во Ница:

Хаос и прекин на „јужњачкото“ дерби помеѓу Ница и Марсеј!

> Фудбалерите на Марсеј го „извлекоа подебелиот крај“ по тепачката со фановите на Ница <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН