Спектакуларен меч во Валенсија синоќа одиграа Леванте на нашиот Енис Барди (влезе од клупата во вториот дел) и Реал Мадрид 3:3.
Гледајќи од перспективата на тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти брилијантно прво полувреме по кое неговиот клуб имаше минимална предност, но во продолжение – крах.
„Ја имавме ситуацијата под контрола, но бевме премногу меки во второто полувреме. Тоа не е нешто што може да го очекувате од Реал Мадрид. Фрливме два бода“ вели Италијанецот.
Се чини дека неговите избраници не ги разбраа неговите предупредувања пред мечот дека Леванте може да биде опасен ривал.
„Тешко е да се објасни. Им реков на фудбалерите дека и најмалиот детал може да не чини многу, и баш тоа се случи. Се враќаме дома со горко искуство затоа што требаше да го понесеме целиот плен“ смета Анчелоти.
> Анчелоти: Бевме меки, фрливме два бода <