Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот за сите Заев донесе кредитен рејтинг „ѓубре“ за економијата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

„Наместо живот за сите Заев донесе кредитен рејтинг “ѓубре” за економијата, ова е констатација на ‘Стандард и Пурс’, кој ги мери кредитните рејтинзи на државите ширум светот со цел оценка дали истите се способна да ги сервисираат своите долгови.

Според ‘Стандард и Пурс’ Македонија е во категориите земји кај кои постои ризик дека во иднина може да се појави проблем при финансирање на своитe долгови.

Имено Македонија е рангирана во полето високоризични земји што е сигнал до секоја банка која ќе ака да позајми пари на државата тоа да не го стори или да го стори по енормно високи камати.

ВМРО-ДПМНЕ со години предупредува дека власта расипнички се задолжува и дека ќе се доведеме во состојба да не може да се сервисираат долговите. Заев е виновен затоа што се задолжи за скоро 3 милијарди евра, што се нов долг на државата откако е тој премиер.

Откако Заев е премиер долгот е зголемен речеси двојно.

Заев ја донесе државата до економски ќорсокак, и Заев не може да направи ништо позитивно. Потребни се итни чекори за одглавување на земјата од дното, а тоа со Заев не е можно.

Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт