Утрински Весник
Македонија

162 сообраќајни прекршоци во Скопје, 106 санкции за брзо возење

162 сообраќајни прекршоци во Скопје, 106 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, девет за управување возило под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, две за нерегистрирани и технички неисправни возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, две за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, седум за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа