Утрински Весник
Македонија

78 казни за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

78 казни за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Денеска Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 78 возачи. 15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти полицијата.

Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот .

Можете да прочитате

Спасовски: Владата вели сме трета економија во Европа, а граѓаните едвај крпат крај со крај

Системот не смее да се злоупотребува вели Спасовски за „Сејф сити“

Спасовски: Во МВР немаше тајни апарати за прислушување