Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на барок, палми и жални врби

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на барок, палми и жални врби

ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на барок, палми и жални врби, денес Град Скопје инвестира во најсовремени возила за јавните претпријатија, реагираат од владејачката СДСМ на денешната прес конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на која таа побара од Шилегов да каже каде се 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа.

„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со Град Скопје парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, гипс-картон, палми и жални врби во Вардар. Тоа се „инвестициите“ кои останаа зад Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ денес се фали со набавката на кинеските автобуси кои беа платени со пари од државниот буџет, а за чија набавка се води и постапка пред македонските судови“, стои во писмената реакција од СДСМ.

Од оваа партија потенцираат дека за разлика од тогаш, денес градската администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов вложува во најсовремени возила и опрема за потребите на градските јавни претпријатија.

„Набавени се над 130 најсовремени комунални возила и автобуси за четири и години и тоа исклучиво од Буџетот на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се управува со градскиот буџет во интерес на граѓаните и градот Скопје. Очигледна е разликата помеѓу одговорното управување со градот од страна на СДСМ и Шилегов и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, е напишано во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт