Утрински Весник
Свет

Блер го нападна Бајден: Повлекувањето од Авганистан е имбецилен слоган за ставање крај на вечната војна

Блер го нападна Бајден: Повлекувањето од Авганистан е имбецилен слоган за ставање крај на вечната војна

Поранешниот британски премиер Тони Блер рече дека напуштањето на Авганистан е трагично, опасно и непотребно, додавајќи дека тоа не е во ничиј интерес.

Во својата прва изјава од падот на Кабул пред една недела, Блер вели дека одлуката е донесена во согласност со имбецилниот слоган за ставање крај на вечните војни, мислејќи на фразата што ја користеше американскиот претседател Џо Бајден за време на изборната кампања.

Поранешниот премиер, кој испрати британски војници во Авганистан во 2001 година, рече дека одлуката за повлекување е водена „не од голема стратегија, туку од политика“.

Тој додаде дека Велика Британија треба сериозно да размисли по, како што рече, „мала или никаква консултација“ со САД, во одлуката за повлекување од Авганистан.

„ Ние (Британија) сме во опасност да западнеме во друга поделба на глобалните сили. Можеби немаме ништо против, но треба да донесеме одлука барем внимателно”, рече Блер.

Тој, исто така, рече дека Британија има морална обврска да остане во Авганистан додека не се евакуираат сите оние што требаше да бидат евакуирани.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk