Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Намален бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

Намален бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија
Img 7972

На 99-тата седница го усвоивме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори, како една од мерките од Планот за борба против корупцијата, објави на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Со предложеното законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува на 7 членови во јавните претпријатија чиј основач е Владата, Градот Скопје и општините во кои живеат над 50.000 жители, како и на управните одбори на меѓуопштинско јавно претпријатие, а управните одбори на јавни претпријатија основани од општина во која живеат до 50.000 жители се намалува на 5 членови. Бројот на членови на надзорните одбори се намалува на 3 членови.

Дополнително со измените се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот и се воспоставува целосна транспарентност при постапката за избор на членовите, како и мерит процедура при селекцијата и именувањето.

Според законското решение, за првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб-страните на Владата, односно општината или Градот Скопје и на веб-страната на самото јавно претпријатие и тоа три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав.

Можете да прочитате

Блажевски: Изгубивме четири години во празни зборови и без ниту еден проект, време е да си го вратиме Јегуновце

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Променливо облачно со сончеви периоди