Утрински Весник
Спорт

УФЦ нокаут за историја – Бахамондес во последната секунда го патосираше ривалот

УФЦ нокаут за историја – Бахамондес во последната секунда го патосираше ривалот

Игнасио Бахамондес беше на добар пат да обезбеди победа на поени над американскиот ривал Рузвелт Робертс, пред да го направи еден од најспектакуларните нокаути во историјата на УФЦ, патосирајќи го противникот, официјално на пет секунди пред крајот на мечот на УФЦ Вегас 34.

Чилеанецот кој живее во САД, Бахамондес повеќе пати во 14-те минути борба имаше вакви удари од свртување, но последниот удар беше навистина пеколен.

Ова беше совршен камбек во прелиминарните борби за Бахамондес, кој загуби на поени од Џон Макдеси во претходниот меч и сега би можел да добие и посилен (и секако побогат) противник.

> УФЦ нокаут за историја – Бахамондес во последната секунда го патосираше ривалот <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026