Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

По третата доза ќе се постигне доживотен имунитет?

По третата доза ќе се постигне доживотен имунитет?
Img 7972

Третата засилувачка доза на вакцина против коронавирус најверојатно ќе трае со години, се надеваат научниците.

Тие објаснуваат дека кога вакцината ќе донесе уште една рунда антиген во телото, ќе ги активира мемориските Б-клетки и ќе им овозможи да произведат подобрени, поквалитетни антитела.

Некои американски научници се убедени дека имунитетот по третата доза на вакцината против коронавирус ќе трае со години и тие се убедени дека третата засилувачка доза би можела да биде последна во борбата против оваа чума.

Експертите веруваат дека подолг интервал помеѓу давање на втората и третата доза, од шест до осум месеци, може да обезбеди посилен и долготраен имунитет.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица