Утрински Весник
Македонија

Османи утре на самитот на Кримската платформа во Киев

Османи утре на самитот на Кримската платформа во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во Киев, Украина, каде утре, 23 август, ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа.

Кримската платформа е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим. На настанот ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет Претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи.

Можете да прочитате

ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус” – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули

Петровска: Нема разлика во цената на хеликоптерите, Мисајловски избегнува соочување

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели