Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температури до 37 степени

Сончево и топло со температури до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание

Денеска се празнува 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба