Утрински Весник
Спорт

Лацио со пресврт до триумф, Аталанта ги собра бодовите „на мускули“

Лацио со пресврт до триумф, Аталанта ги собра бодовите „на мускули“

Римски Лацио со новиот кормилар Маурицио Сри со пресврт стигна до победа од 3-1 на гостувањето кај Емполи во воведното коло во Серија А.

Иако домаќините го отворија резултатот уште во 4 минута со голот на Бандинели, гостите од Рим до крајот на полувремето со три гола направија комплетен пресврт со комотна предност.

Најпрво српскиот ас Сергеј Милинковиќ Савиќ во 6 минута веднаш израмни на 1-1, а во 31 на семафорот стоеше 1-2. Стрелец Лазари.

Третиот гол за „небесносините“ беше дело на Имобиле од пенал.

Во Торино пак истоимениот домаќин ја намачи екипата на Аталанта од Бергамо. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини до целиот плен дојдоа со погодокот на Пиколи во 93 минута.

Претходно Муриел во 6 минута на „сино-црните“ ги донесе во водство, а во 79 минута Белоти погоди за „биковите“.

> Лацио со пресврт до триумф, Аталанта ги собра бодовите „на мускули“ <

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ