Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Николов: Заедно со жителите на општината Росоман ќе создадеме подобра општина за живеење

Росоман овие четири години со оваа досегашна заспана локална власт наликуваше на се, но на општина НЕ. Жителите на општина Росоман чувствуваа како да не постои општина Росоман. Мрзливоста и закотвеноста овие четири години на досегашната локалната администрација и градоначалникот во неговата удобна фотелја кој освен произведување на фамилијарни решенија и вработување на негови блиски членови во семејството и најблиските соработници наједноставно го отсликува поимот непотизам во општина Росоман, обвини Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Откако постои општина Росоман во овие четири години важи за најнефункционална и најнетранспарентна општина во Република Македонија, за што ќе зборуваме многу повеќе во периодот кој што претстои, но затоа ние со нашите проекти кои ги имаме во програмата, со деноноќно работење заедно со жителите на Росоман и околните населени села, ќе се потрудиме и ветуваме дека Росоман заслужува подобро. Росоман има капацитет да биде една од поубавите општини во Република Македонија. Сакам на кратко да издвојам барем неколку клучни проекти од нашата програма кои се многу важни за Росоман и околните населени места:

Изградба на базен за вода и решавање на деценискиот проблем на општината околу водоснабдувањето, прашање кое во 21 век воопшто не треба да го ставиме како тема на разговор и одамна требаше да биде решено, но за нас тоа ќе биде најважен и еден од најприоритетните проекти.

Изградба на атмосферска канализација.

Реконструкција на тротоари и улици во општина Росоман: улиците „Пролетерска“, „Никола Карев“,„Гоце Делчев“,„Илинденска“, „Пере Тошев“, „Стерјо Несторовски“, „Цандо Кузманов“,„Партизанска“,„Страшо Пинџур“,„11-ти Октомври“.

И реконструкција на улици и тротоари и проширување на локални патишта кои што водат до с. Манастирец , с. Сирково, с. Паликура, с. Трстеник , с. Камен Дол, с. Рибарци, с. Дебриште , с. Мрзен и на многу други локации во општината каде што ќе биде потребно.

Изградба на пешачка и велосипедска патека со комплетно осветлување, и места за одмор и рекреација по течението на „Црна Река“.

Изградба на мини трговски центар во Росоман и мини парк во централно подрачје во Росоман на местото викано „Плочата“.

И уште многу други проекти кои ќе ги презентираме во наредниот период, а за кои што ќе се бориме заедно со жителите на општина Росоман, истите да бидат реализирани.

Да заедно со жителите на општина Росоман затоа што тие се моторот на општината кој што ја води напред, затоа што ние постоиме за да ги сервисираме проблемите на жителите на општина Росоман, затоа што заслужуваат многу подобра општина и локална власт од оваа заспана и 4 години нефункционална власт во Росоман“ порача Николов.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт