Утрински Весник
Спорт

Освои сребро за Туркменистан на ОИ, наградата: стан, автомобил и 50.000 долари

Освои сребро за Туркменистан на ОИ, наградата: стан, автомобил и 50.000 долари

Освојувачката на прв олимписки медал во историјата на Туркменистан, кревачката на тегови Полина Гуреева (21) како награда од државата доби стан, автомобил и 50.000 долари.

Гуреева во Токио освои сребро во категорија 59 килограми, а таа е прв спортист од Туркменистан на кого му успеало тоа. Стрелецот Марат Нијазов на ОИ во Рим 1960 година освоил сребро, но тогаш Туркменистан бил дел од СССР.

Гуреева на свеченоста добила три бели лакирани кутии, во едната биле клучевите од трособниот стан во главниот град, во другата биле клучевите од автомобилот марка „лексус“, а во третата чек со 50.000 долари.

Туркменистан има 6 милиони жители, а независна држава е од 1991 година.

> Освои сребро за Туркменистан на ОИ, наградата: стан, автомобил и 50.000 долари <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување