Утрински Весник
Македонија

Приведен 40-годишен арачиновец, со уцена успеал да изнуди околу 9000 евра

Приведен 40-годишен арачиновец, со уцена успеал да изнуди околу 9000 евра

40-годишно лице од Арачиново е уапсено поради уцена со која тој успеал од друго лице да изнуди околу 9000 евра, соопшти полицијата.

Имено вчера, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции лишен е од слобода В.В.(40) од с.Арачиново, скопско.

По претходно добиена судска наредба и преземени мерки и активности бил извршен претрес кај осомничениот, поради постоење основано сомнение за кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по чл.259.

Според полицијата, пријавениот подолг временски период го уценувал оштетениот И.И.(73) од Скопје со видео материјали со компромитирачка содржина, при што во неколку наврати успеал да му изнуди околу 9000 евра. Против пријавениот од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, каде од страна на Основен суд Скопје му е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража