Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Салата „Борис Трајковски“ од следната недела повторно ќе се отвори за вакцинација, најави Филипче

Салата „Борис Трајковски“ од следната недела повторно ќе се отвори за вакцинација, најави Филипче
Img 7972

Во текот на следната недела повторно ќе се врши вакцинација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ги разгледале барањата за прогласување карантин во Тетово и Гостивар каде што болниците преоптоварени, но заклучиле дека тоа се големи рестрикции за кои сега нема потреба оти акцент ставаат на вакцинацијата.

„Во среда или најкасно четврток повторно ќе се отвори ’Борис Трајковски’. Дел од вработените кои беа на одмори ги прекинаа за да ја стават салата во функција. Вакцинацијата сега ќе биде во малата сала каде што има околу дваесетина места за вакцинација и ќе ги растерети здравствените домови во кои сега има голем метеж“, рече министерот Филипче.

Заклучно со вчера вакцинирани се 650.000 граѓани од кои 500.000 примиле две дози. Преполенти се болниците во Тетово и Гостивар, делумно во Кичево и во Струга, но министерот Филипче уверува дека се постојан контакт со директорите на клиниките и пациентите се преупатуваат во болниците каде што има место.
„Од денес почнува со работа болницата во Козле со 120 кревети снабдени со централен довод на кислород. По најава, пациентите од преполните болници во Тетово и Гостивар се праќаат тука. Доктори и сестри од клиниките веќе ги прекинаа одморите за во Козле да може да се организира сменско работење“, рече министерот Филипче.
Тој нагласи дека здравствените власти ставаат акцент на вакцинацијата како единствен начин да се постигне колективен имунитет и да се спречи ширењето на вирусот.

Можете да прочитате

Јошевска Атанасовска: Пораките меѓу вработени во УЈП и газдите на Пулс не ни беа доставени

Габриела Илиевска: Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?

Сонце или дожд: Какво време не очекува утре?