Утрински Весник
Македонија

Од денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список

Од денеска почнува јавниот увид во  Избирачкиот список

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните избори започнува од денеска и ќе трае до 9 септември. ДИК од денеска на увид ќе ја стави новата состојба на податоци во Избирачкиот список што ќе се користи на денот на изборите.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страницата на Државната изборна комисија – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.

ДИК ги интензивира подготовките за изборите, а на последната седница се донесени неколку нови упатства за изборите и програми за едукација. На 25 август се очекува да пристигнат првите 250 апарати за вчитување на отисоци од прсти и системот што ќе се употребуваат првпат на овие локални избори во Северна Македонија.

Иборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.

Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да биде на 30 октомври.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари