Утрински Весник
Македонија

МВР со демант на изнесеното од ВМРО-ДПМНЕ: Со шпекулациите и штетат на Специјалната антитерористичка единица

МВР со демант на изнесеното од ВМРО-ДПМНЕ: Со шпекулациите и штетат на Специјалната антитерористичка единица

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира и осудува шпекулациите изнесени најпрво на неколку портали, а во текот на денешниот ден и на прес конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во која се зборува за наводен скандал со наратив полн со шпекулации, без никакви факти и аргументи, што го покажува и нивниот мотив организирано да нанесат штета на институцијата, истовремено нанесувајќи штета на Специјалната антитерористичка единица и на лицето кое е на чело на оваа единица, стои во демантот од оваа институција.

Напротив, пишува во соопштението од МВР, само неколку часа по збиднувањето, во Извадокот од дневните настани на МВР од 17.08.2021, во кој се изнесени фактите дека на 17.08.2021 околу 01.45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле две лица, возилото не застанало, туку продолжило со движење. При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот. Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди, а двајца полициски службеници со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Ова се фактите додаваат од МВР: иницијалите на двете лица во возилото не се ставени во информацијата, затоа што по нив се уште трага полицијата, лицата не се сопрени и легитимирани, тие се засега со непознат идентитет, затоа и не постојат иницијали во информацијата, на возило без регистарски ознаки не може да се утврди сопственикот, двете возила немаат физички допир за време на незгодата, во моментов се повикуваат на разговор лица кои би можеле да дадат дополнителни информации, значајни за расчистување на случајот.

„Се  друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат крајна цел само да наштетат, не само на институцијата, туку и на конкретната истрага. Доколку поседуваат докази со кои можат да придонесат за расчистување на случајот, ги повикуваме да ги достават во Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди или Единицата за увид на сообраќајни незгоди при СВР Скопје. Професионална обврска на сите општествени чинители, вклучително и опозицијата е да се држат до фактите, а граѓанска обврска е да достават информации, факти и докази до надлежните служби за постапка која е во тек“, дообјаснуваат полициските служби.

Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинититите текстови да бидат повлечени, во спротивно ќе ги користи сите законски расположиви средства кои стојат на располагање, стои во дописот од оваа институција.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?

Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта

Љутков од Битола: Започна реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан, капитален проект вреден 96 милиони денари