Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали во филмска потера по командантот на „тигрите“ повредени се тројца полицајци?

(Видео) Стоилковски: Дали во филмска потера по командантот на „тигрите“ повредени се тројца полицајци?

МВР и министерот Оливер Спасовски мора да одговорат дали командантот на полициските „тигри“, Митко Даневски е лицето коешто пред три дена на полноќ управувалo со возило низ скопско Водно, среде забрана и не почитувал полициска контрола, кажа денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, ваквото поведение предизвикало потера којашто завршила со тројца повредени полицајци од кои едниот завршил на петчасовна операција.

„Информација е пуштена, трет ден минува, нема идентитет, ниту иницијали. Целосно несвојствено за МВР, но и остава простор за шпекулации на штета на ‘тигрите’“, нагласи Стоилковски.

Тој смета дека заради чинот и позицијата на Даневски, овој случај мора да се разреши.

„Дали е тој лицето коешто во време на забрана за движење во шума, навечер возел службено возило ‘шкода’, придружуван од друго лице, не сопрел на полициска контрола, предизвикал потера, бркотница низ Водно, која завршува со повредени тројца полицајци и целосно оштетени полициски возила“, јавно запраша Стоилковски додавајќи дека полициските „тигри“ се многу сериозна и единица со реноме за да се дозволи МВР да крие ваков скандал.

Можете да прочитате

Тотален колапс на македонските патишта по денешниот снег

(Фото) Поради снег блокиран патот Тетово – Шапка

Драма на Плетвар: Новинари во комбе за малку ќе настрадале од камион на „Македонија пат“