Утрински Весник
Магазин

Никол Кидман изземена од мерката задолжителен карантин во Хонг Конг

Никол Кидман изземена од мерката задолжителен карантин во Хонг Конг
Dik 300x250 mk

Додека Хонг Конг се подготвува за нови драконски ограничувања за патување кои треба да стапат на сила од четврток на полноќ, австралиската актерка Никол Кидман доби дозвола од владата да го прескокне задолжителниот карантин, објавија медиумите.

Исклучокот е даден за да ѝсе овозможи да ја снима ТВ-серијата на „Амазон“ со наслов The Expats, објави веб-страницата за вести HK01, потег што е во спротивност со уредбата за задолжителен тринеделен хотелски карантин за жителите и за сите останати по влегувањето во азискиот финансиски центар.

„Ројтерс“, кој прв ја пренесе веста, не можел независно да ја провери информацијата. Владата на Хонг Конг не одговорила на барањето за коментар.

54-годишната холивудска sвезда била забележана како пазари и снима во поранешната британска колонија, откако пристигна од Сиднеј минатата недела, според HK01.

Можете да прочитате

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза