Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дурент откри зошто ги напушти Вориорси по кавгата со Грин: Сите се правеа „наудрени“!

Дурент откри зошто ги напушти Вориорси по кавгата со Грин:  Сите се правеа „наудрени“!
Img 7972

НБА ѕвездата Кевин Дурент јавно откри зошто ги напушти Голден Стејт Вориорс во 2019 година и премина во редовите на Бруклин Нетс. Со него во составот Вориорси беа еден од најдоминантните тимови во НБА лигата.

Тој одлучи да си оди од тимот по дуелот со Дрејмонд Грин на сред меч во 2018 година, а сега ја откри и вистинската причина.

„По мое мислење челниците на Вориорси погрешија“ вели Грин, а Дурент се согласи со него „И јас исто мислам“.

„Не беше проблемот во кавгата, туку како сите се однесуваа. Тренерот Стив Кер се правеше како ништо да не се случило, а генералниот менаџер Боб Мајерс се обиде тебе да те дисциплинира мислејќи дека така се ќе замаскира“ додава Дурент.

Него најмногу го изнервирало тоа што Вориорси нагласувале дека се семејство.

„Но тоа не го покажавме. Тоа е она што ме мачи повеќе од било што“ вели Дурент.

Дрејмонд Грин го опиша својот разговор со челниците на екипата откако екипата се врати во Оукленд од Лос Анџелес, каде Дурент и тој се судрија на сред меч против Клиперси.

„Единствени кои ова можат да го поправат сме Дурент и јас“ вели Грин.

Тогаш Вориорси го суспендираа Грин на еден меч.

> Дурент откри зошто ги напушти Вориорси по кавгата со Грин: Сите се правеа „наудрени“! <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај