Утрински Весник
Свет

Ердоган: Европа да преземе одговорност за мигрантите

Ердоган: Европа да преземе одговорност за мигрантите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика европските земји да преземат одговорност за мигрантите што доаѓаат од Авганистан и истакна дека неговата земја нема намера да стане „европска област за складирање мигранти“.

Во говорот по состанокот на владата, Ердоган рече дека Европа мора да ја прифати одговорноста за Авганистанците кои ја напуштаат земјата, и изјави дека Анкара презела мерки долж границите со Иран, што е безбеден пат за авганистанските мигранти кои доаѓаат во Турција, пренесува „Ројтерс“.

Тој рече дека Турција може да разговара со новата влада што ќе ја формираат талибанците, за да разгледа некои планови од заеднички интерес.

Откако талибанците го зазедоа Кабул викендов, градот беше во хаотична ситуација, илјадници луѓе се обидоа да си заминат од страв од строго толкување на исламскиот закон наметнато за време на претходното владеење на талибанците, кое заврши пред 20 години.

Илјадници луѓе, исто така, влегоа во Турција во последните недели, додека талибанците напредуваа низ земјата на пат кон Кабул.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога