Утрински Весник
Спорт

Американската тенисерка Лепченко суспендирана поради позитивен тест

Американската тенисерка Лепченко суспендирана поради позитивен тест

Американската ветеранка, Варвара Лепченко доби условна суспензија од Интернационалната тениска федерација (ИТФ) поради позитивен допинг-тест.

35-годишната Лепченко имала позитивен тест на Унгарија опен во Будимпешта во јули, кога во нејзиното тело биле пронајдени адрафинил и модафинил, две супстанции кои се на забранетата листа на Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

Лепченко, која претходно настапуваше за Узбекистан, е 124. на ВТА листата. Нејзин последен турнир беше Тореу опен во Конкорд, Масачусетс на почетокот на август.

> Американската тенисерка Лепченко суспендирана поради позитивен тест <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина