Утрински Весник
Свет

Полицијата го опколи човекот кој тврдел дека има бомба пред американскиот Конгрес

Полицијата го опколи човекот кој тврдел дека има бомба пред американскиот Конгрес

Полицијата идентификуваше и опколи маж за кој се верува дека поседува експлозив, кој седи во возило во близина на зградата на американскиот Конгрес.

Околните згради се евакуирани, а брзата помош е на терен.

Вработените во американскиот Конгрес добија наредба да се евакуираат денеска, откако полицијата која го обезбедуваше Капитол соопшти дека испитува „закана за активна бомба“.

Полицијата испрати специјален тим да преговара со заканувачот, кој се наоѓа во камионот, вели еден од изворите кој не може да потврди присуство на експлозив, но на луѓето во Конгресот им било кажано дека лицето во возилото и кажало на полицијата дека има бомба, пренесе „Ројтерс“.

Врховниот суд беше евакуиран, како и неколку други згради, а блиската метро станица беше затворена. Вработените беа префрлени на побезбедни локации преку мрежа од подземни коридори.

Полицијата ги блокираше улиците околу Капитол со противпожарни и спасувачки возила, а на локацијата се присутни специјални полициски единици, како и членови на Федералното истражно биро (ФБИ).

Оваа недела нема седници на Конгресот, но вработените доаѓаат во Капитол Хил.

Можете да прочитате

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б

Ја извадил главата од споменикот на Тито и ја ставил во автомобил